Δευτέρα, 28 Ιανουαρίου 2013

Dnevnik: «Атина се обидува да создаде грчко малцинство кај нас»


Για ελληνικά, διαβάστε: εδώ

Наводната ``Демократија`` на Скопје (ФИРОМ), се обидува со различни пристапи да ги донесе Влахофоно-Грците во националност Власи (односно, се обидува на секој можен начин да им всади идеја дека Власите се посебна, одделена националниост од Грците), која што ќе може некои други да ја искористат (на пр. Романија), така што ќе ги оддели од своите корени, од грчкиот јазик и култура... истовремено одгледувајќи и анти-грцизам. Дури и останатите Грци, но не Власи, во ФИРОМ, немаат основни права на комуникација, едукација, јазично и културно изразување.
Читајте го ова издание на ``Дневник``:


Датум: 23.01.2013, 17:58

ШТО СЕ KРИЕ ЗАД ФИНАНСИРАЊЕТО ЈАЗИЧНИ KУРСЕВИ

Во финансирањето за изучување грчки јазик во Битола преку фантомски грчки организации историчарите гледаат смислен обид за вештачко создавање грчко малцинство

Со финансирање курсеви по грчки јазик во пограничните региони јужниот сосед се обидува вештачки да создаде грчко малцинство во Македонија. Вакви се коментарите на некои од историчарите на прашањето каков интерес имаат грчки невладини организации да плаќаат изучување грчки јазик во Битола. Kако што објави „Дневник“, битолчани велат дека ги носеле на бесплатно летување во Грција оти учеле грчки јазик, но никој не ги открива имињата на грчките невладини организации што финансираат. Од грчкиот конзулат потврдуваат дека ваквата соработка е преку грчки организации, но додаваат дека не се мешаат во работата на школите за изучување јазик. 

Историчарот Димитар Вамваковски-Љоровски со ваквите курсеви гледа смислен обид за грцизирање на дел од македонското население, пред с`, на влашкиот етникум во земјава. Тој вели дека со изучувањето на јазикот се прават обиди да се наметне грчката култура. 

- Да не заборавиме дека во овие невладини организации, паралелно со јазикот, се изучуваат и делови од грчката историја, која е важен сегмент во градењето на грчкиот национален идентитет. Целта е јасна, освен создавањето вештачко грчко малцинство во Македонија, истото би ~ послужило како алиби на грчката држава и своевиден реципроцитет за македонското малцинство во Грција, но и аргумент против македонската држава за непочитување на малцинските права на оваа група - вели тој. Според него, ваквите пропаганди во битолскиот пограничен регион се провлекуваат од османлиско време, па с` до денес. Kако здруженија, преку кои се врши грчкото влијание во Македонија, Љороски ги посочува „Хелидони“ („Ластовичка“) во Скопје, извесното „Друштво на битолчани“ во Леринско, „Kартерија“ од Солун и „Елпис“ од Лерин. 

Битолскиот градоначалник Владимир Талески вели дека општина Битола соработува со пограничните грчки општини на повеќе проекти, но досега не забележал злоупотреба за пропагандни цели. 

- Интересот за соработка на грчките општини со Битола е голем зашто е општина со поголеми капацитети и може да партиципира во поголеми проекти. Никогаш досега не се случило кој било од проектите да биде злоупотребен ниту од градоначалниците ниту од другите државни службеници, односно од надворешните соработници - вели Талески.

Δεν υπάρχουν σχόλια:

Δημοσίευση σχολίου

Η κόσμια κριτική και η ανταλλαγή απόψεων μεταξύ των σχολιαστών είναι σεβαστή. Σχόλια τα οποία υπεισέρχονται σε προσωπικά δεδομένα ή με υβριστικό περιεχόμενο να μην γίνονται. Τα σχόλια αποτελούν καθαρά προσωπικές απόψεις των συντακτών τους. Οι διαχειριστές δεν ευθύνονται σε καμία περίπτωση για τυχόν δημοσίευση υβριστικού ή παράνομου περιεχομένου στα σχόλια των αναρτήσεων.Τα σχόλια αυτά θα διαγράφονται με την πρώτη ευκαιρία.