Марија Грамустеана
Ова се две стари традиционални и многу вкусни јадења кои ги правеле жените кај Власите од Грамос!
КАМБАКУЌИ
Се зоврива вода и се додава сол. 1 кг пченкарно брашно се замесува со зовриената вода. Се подмачкува тавата со свинска маст и се нанесува една дипла од замесеното тесто со пченкарното брашно. Се попрскува со растопена свинска маст и дробено сирење. Се става да се потпече под вршник или во фурна да фати кора. Потоа се повторува постапката и така се прават три дипли кои треба да бидат потенки. На крајот се пече да фати убава кафеавкаста боја.
Добар апетит!
БУКУВАЛА
Се растопува свинска маст и се загрева. Се додава на ситни коцки исецкан леб. Се запржува лебчето да добие убава кафеава боја и се додава дробено сирење. Заедно се пржи уште 5 минути. Ова јадење се подготвува за доручек. Исто така ова јадење претставува и дел од свадбените обичаи. Кога во понеделникот се носела невестата на чешма и се давало букувала. Почуствувајте го невестинскиот дух и подгответе си букувала!
Δεν υπάρχουν σχόλια:
Δημοσίευση σχολίου
Η κόσμια κριτική και η ανταλλαγή απόψεων μεταξύ των σχολιαστών είναι σεβαστή. Σχόλια τα οποία υπεισέρχονται σε προσωπικά δεδομένα ή με υβριστικό περιεχόμενο να μην γίνονται. Τα σχόλια αποτελούν καθαρά προσωπικές απόψεις των συντακτών τους. Οι διαχειριστές δεν ευθύνονται σε καμία περίπτωση για τυχόν δημοσίευση υβριστικού ή παράνομου περιεχομένου στα σχόλια των αναρτήσεων.Τα σχόλια αυτά θα διαγράφονται με την πρώτη ευκαιρία.