Πέμπτη 4 Οκτωβρίου 2012

Крушево (Krusevo), Гевгелија (Gevgeli), Буково (Bukovo), Струмица (Strumica), Мелник (Meleniko)


Κρούσοβο, Γευγελή, Μπούκοβο, Στρούμιτσα, Μελένικο

Dimitrios Tsoutsas

Грцизмот во Горна Македонија кон средината на 19 век бил распространет на северната територија од грчката граница, област која што ги опфаќа: Охрид (Ahrida), Битола (Monastiri), Гевгелија (Gevgeli) и Струмица (Strumica) со граници на север кај Крушево и Прилеп. Токму таму се наоѓаат границите на историска и географска Македонија. Диференцијата на границата од географска и историска Македонија ја наметнаа бугарските националисти после бугарскиот црковен раскол во 1870 година екстра политирајќи ги скопските северни граници, за да ги задоволат своите претензии и така го подготват теренот за фантазијата од Тито - македонска нација во 1944 година. Во средината на 19 век, христијаните од Пелагонија (област кај Битола, Крушево) значајно била населена од Грци. Се истакнуваат две јазични групи: славофони * кои главно биле земјоделци и влахофони * кои потекнуваат од Москополе од каде се имаат масивно доселено во 18 век поради албанското насилство. Образованието, црквата и културата на север, во оваа македонска зона беше во грчки раце и националната светст каде постоеше – беше грчка.


Во целина христијанските жители имаа поглед кој посочува на грцизмот и патријаршијата на Константинопол. Конкретно, влахофоно - грците учествуваа во значен економски и духовен развој, ја развиваа уметноста, науката и трговијата и држеа важни трговски куќи во централна Европа, Александрија итн.
Креацијата на бугарската национална свест во Пелагонија, како и општо во просторот на Македонија, започна по руска иницијатива и организација во 1846 година и интензивно растеше после 1870 година така да Бугарската црква (егзархија) се оддели од Екуменската Патријаршија. Cлавофонската популација беше поделена: додека едни останаа верни на Патријархот и на грчката идеа, други се нарекоа себеси Бугари и се приклучија во Егзархијата. Влахофоните останаа во целина фанатички грци и покрај постоењето и силното делување на романската пропаганда, која потпомогната од бугарскиот национализам и отоманската држава се обидуваше да ги здружи Власите од областа.


Посветеноста на Власите од Пелагонија на грцизмот ја забележува и скопскиот историчар Битоски, кој изјавува: "Овие Власи постепено стануваат главна моќ во пелагониската метропола за прифаќање на Големата Грчка Идеја.
Храмовите и училиштата во Битола во средината на 19 век беа во грчки раце."
Сличен е исказот на францускиот новинар Mishel Paillares кој ја обиколил Македонија во 1904година - "Во Битола сите Власи се Грци од дното на нивните срца, со грчки традиции и идеали. Праќаат повеќе од 2000деца во грчки училишта, каде што ќе стекнат големи знаења. Овие се наоѓаат на чело на нај јаката и немилосрдна битка против Бугарите и Романците. Креираа таен одбор против комитите. Ниту Митрополитот, ниту Грчкиот Конзул можат да им го намалат нивниот фуриозен патриотизам."


Во ерата на македонската борба силно присуство имаше влахофонскиот грцизам надвор од Битола, во градовите Скопје, Велес, Охрид, Крушево и во селата на планината Пелистер: Магарево, Трново, Нижополе, Гопеш, Моловишта итн.
Славофонските населеници кои останаа верни на Патријаршијата и одржуваа грчка национална свест се наоѓаа ширум грчките граници кај областа на Битола, Гевгелија и Струмица. Против истите се сврте бугарската пропаганда и војничката акција за времетраењето на македонската борба (1870-1908). Бугарите со истрајност (покрај народното спротивно чувство кое го стекнаа во прегратките на грцизмот), благодарение на руската поддршка, но и други сили како Папската, главно со изобилство на пари од Софија, создаваа училишта за откуп на принципите и успеаа да го ограничат грчкиот елемент таму каде што некогаш доминирал.
Индикативно се споменува дека во Скопје, после спогодбата од Свети Стефан (1878) се собраа со текстуален протест кон Големите сили 10,000 грчки потписи. Грчката заедница таму одржуваше две цркви, гимназија, женско училиште и основно училиште со повеќе од 850 ученици.



Веќе кон крајот на 19 век, бројот на грчите жители во Скопје се ограничи на 2000-3000. Најкарактеристичен случај е опаѓањето на грчкиот елемент во историскиот град Охрид. Охрид е изграден на местото на античкиот град Лихнида во северо-западниот крај на истоименото езеро. Дури и Constantin Jirecek чешки професор по историја и министер за образование на бугарската држава, признава дека Охрид од 12 век е бастион на грцизмот во Македонија, додека Германецот Herman Vendal го нарекува тврдина на грцизмот. Во средината на 19 век Охрид бил голем трговски центар со најмалку 8000 христијани влахофони, сите со грчка национална свест и образование. Од Охрид потекнува Anastasis Piheon,главен протагонист на револуционерните движења во северо – западна Македонија во 19 век и Margaritis Dimicas врвен историчар и географичар за античка Македонија кој што со своите истражувања го докажал историскиот продолжеток на грцизмот во Македонија. Индикативна предност на грцизмот во Охрид кон средината на 19 век е сведоштвото на рускиот учител Viktor Grigorovic кој пишува дека во 1845 година во Охрид доминирал грчкиот јазик, додека, бугарски се зборувало само во потесните семејни кругови а не постоел ниту еден кој можел да чита славјански ракопис. Грцизмот можеби се намалил до исчезнување во областа кај Охрид и кај Скопје но останал доволно силен низ 20 век во областа Пелагонија со главни седишта во Битола и Крушево.

Во Битола од 1870година до 1912година се организираа различни националистички пропаганди. Меѓутоа, влахофоно - грците во Битола создаваа невиден економски и политички развој во 19 век, кој им дозволуваше парично да потпомагаат цркви, училишта и здруженија со кои што можеа да ги издржат странските притисоци. Карактеристично за етничката самостојност на истата заедница е Меморандумот упатен кон Големите Сили во 1903 година во кој се вели: ‘’...зборуваме грчки, бугарски, влашки, албански, но ние сите сме Грци и не дозволуваме на никој да се сомнева во тоа...’’

Во Крушево каде живеат планински Власи, град северно од Битола, грцизмот  (хеленизмот) отсекогаш имал огромна приврзаност. Крушевчаните се занимаваа со трговија и развој на образованието до тој степен што дадоа 5 професори на универзитетите во Atina и Thessaloniki помеѓу кои е и Александрос Сволос. Голем и не помалку познат е Димитрис Лалас, еден од најголемите грчки музичари, ученик и близок соработник и пријател на познатиот композитор Vanger на кој му помогна во усовршување на неговиот филм ‘’Der ring des Nibelungen’’ кој беше основа за познатиот ‘’Господар на прстените’’.

После ослободувањето од отоманското ропство во 1912 година и создавањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците кое покасно се нарече Југославија, состојбата на грцизмот (хеленизмот) се смени кон полошо. Србите ги затворија грчките училишта и грчките цркви и ја забранија употребата на грчкиот јазик.
Голем број од грчката популација од Пелагонија се пресели на грчки терен, главно во Florina и Thessaloniki, додека Србите донесоа Босанци и Хрвати во Пелагонија со цел да ја променат националноста во тој регион. Општо, Југословенската држава со разни притисоци пробуваше речиси 30 години да ги убеди Бугарите, Албанците и грчките жители во денешна ФИРОМ дека се стари Срби, кои го имаат изгубено нивната национален идентитет.
Паралено за времетраењето на бугарската окупација во двете Светски војни, бугарските сили се ангажираа и со повторен обид за бугаризација на грчкиот елемент. Карактеристично за сукцесивните српски и бугарски угнетувања врз грчкото мнозинство во Пелагонија беа последователните промени на грчките презимиња: пр. Панајотидис се преименува од Србите во 1913 година во Панајотович, од Бугарите во 1916 година во Панајотов, од Србите во 1919 година повторно во Панајотович, од Бугарите во 1941 година во Панајотов и конечно од (славо-) "македонците" на Тито во 1945година во Панајотовски. Наставката – ски на грчките презимиња се усвои како една средна, славичка карактеристична наставка, додека наставката – оф потсетува на Бугарија и наставката – ич на Србија. До ден денес презимињата на жителите со грчки корени во ФИРОМ, ја имаат наставката –ски, со прво синтетичко старо грчко презиме.



И стасуваме до денес. Официјалната грчка држава верна на традиционалниот недостаток на било која надворешна политика за грчките  (хеленските) малцинства во соседните земји (С.  Граница, Константинопол, Имврос - Тенедос) е потполно индиферентна во обидот за дехеленизација на Пелагонија од 1850година па се до денес. Резултат од долгогодишната систематска пропаганда и насилство беше прогресивно членство на славичките грци од Пелагонија во "македонска националност". Но долгогодишното перење на мозокот за консолидација на македонскиот национализам не помина кај влахофонските населеници  во Пелагонија. Голем број од Власите во Битола и Крушево сеуште зборуваат Грчки и ја одржуваат грчката етничка свест, дури и кога се плашат да кажат отворено (главно од 1990 година па наваму).Статистиките на скопската држава не покажуваат грчко малцинство. Веројатно е дека бројот на Грците во соседната држава е поголем од 100.000 без да е можна точна проценка. Малкумина од тие што имаат грчки корени се осмелуваат да кажат отворено затоа што постои еден огромен страв како и извесност дека грчката држава нема да ги заштити. Како што станува навика во Грција празно е интересирањето за малцинството во ФИРОМ. Во чисто грчкиот град Крушево (грчко-влашки околу 90%) се негува грчкиот јазик со предавачот Алеко Штрала кој патува од Битола. Заклучно во Битола и во другите влахофонски центри во Пелагонија грцизмот продолжува да постои покажувајќи невидена цврстина, за инает на новогрчкото игнорирање и рамнодушност.


Завршетокот на отстапката на грчката држава после 1913 година беше етничка грешка, која што сигурно нема да ја најде никој во историјата на соседните народи Срби, Бугари, Албанци и Турци, колку и да бара. Живи сведоци и покрај грчкото присуство на грцизмот (хеленизмот) во областа на Пелагонија се многубројните преживеани архитектонски споменици, секуларни и црковни. Во Охрид куќата на Робевци е бисер на градот. Во Крушево и Битола исто така се зачувани доволно од старите грчки градби уште од крајот на 19 век и почетокот на 20 век.
Најголемо историско значење имаат црковните споменици кај кои токму поради оваа причина не постојат систематски фалсификати.Индикатор на случајот е уништувањето на црковни места кај манастирот Св.Наум во Охрид и изградба на хотел. 
Можеме да резимираме дека грчките (хеленски) имигранти во целата нивна историја стојат  достојно на нивниот национален идентитет кој не го напуштаат ниту во денешната ера на паднати идеологии и глобализација, со економскиот и духовен развој и со учествување на националните игри. Грчкото (хеленското) малцинство во Скопје за жал е најобесправено, најзаборавено и најигнорирано од сите грчки малцинства и заедници во светот.


Од блогот ''Vlahofonoi Blogspot'':

Влахофоните Грци:
Потекнуваат од античките племиња од Епир, Тесалија и Македонија, а планинскиот синџир Пиндос од секогаш им бил нивно родно место.

За времетраењето на Римската Империја, тие служеа во Римските легии, научија Латински јазик (200г. п.н.е. - 400г. н.е.) и од тогаш па натаму, паралелно со грчкиот јазик зборувале еден грчко-латински идиом, кој што постоел само усмено , но не и писмено. Именката ''Влав'', во суштина значи латинофон (луѓе кои зборуваат латински). Истите преферираат да се нарекуваат себеси Аромани или Армани , од збророт ''Romagna'' (арм'њ), историско име од Византиската империја (Нов Рим - Константинопол). За време на Отоманското ропство, Власите патувале во различни европски земји и парите што ги собирале, ги праќале назад во нивните села за изградба на Грчки Православни Цркви и грчки училишта. Се спротивставувале силно на секоја пропаганда што се обидувала да ги убеди дека не се Грци. Најважни Национални донатори на Хеленизмот беа влахофони како: Sinas (даде средства за изградба на Атинската Академијата ), Zappas (големата конгресна зграда Запион во Атина ), Arsakis ( големата зград Арсакио од Атина ), Averoff (Панатинаитички стадион и воениот брод Авероф ), донатори и основоположници на Националниот Мецовски Политехнички Универзитет од Атина и многу други. Не смееме да заборавиме дека во 18 век Власите го трансформираа градот Москополе во духовен Акропол на поробениот (од страна на Турците) хеленизам. (види: Хелени Власи (Грко-цинцари) )

* Славофони Грци:
Најпрво да разјасниме дека денес речиси не постојат чисти славофони , туку билингвисти (грчко – славјански) и ретко од помладите можат да го зборуваат овој идиом течно, чиј што развој престана во првите децении на 20 век...
Билингвистичките населеници на северно-грчките краишта , главно во К.Д. Македонија, се потомци на христијанската популација која за време на Турското ропство , живеела во најшироко место на т.н. ‘’Историска Македонија’’. Тие имаат грчко потекло, но најверојатно имаат попримено и славички елементи од Славјаните кои можеби беа асимилирани, бидејќи се населија на овие простори за време на Византиската епоха и подоцна се христијанизираа (јазично и културно). 
Како што кажа и незаборавениот лингвист N. Androtis (во колективното дело ‘’Јазикот на Македонија’’ – ‘’Oлкос’’ Атина 1992, стр. 211) славјанскиот јазик започна да се употребува за времетраењето на Византискат империја во северна Македонија на следниве начини:
А) Од Славјани робови, кои Византиските земјопоседници (ги користеа за одржување на нивните имоти) кои работеа на нивните имоти како земјоделци-аргати.
Б) Од Грците заробеници на Бугарите, кои што го научиле јазикот на Славјаните и после нивното ослободување и враќање, и после долго време, сепак го користеле јазикот и
В) Грците кои тргувале со Славјани, го учеле лесно јазикот на Славјаните, додека Славјаните имале потешкотии да научат грчки јазик.
Појавата на овој идиом (кој никогаш немал потреба од пишување) кој е откриен околу 18 век (првите сведоци за неговото постоење датираат од 1790 год-види. J.P. Mallory – D.Q. Adams: TheOxfordIntroductiontoProto-Indo-EuropeanandtheProto-Indo-EuropeanWorld – Oxford 2006, стр. 26) и неговото креирање имаше корисни и практични причини. (види: Το γλωσσικό ιδίωμα γηγενών σε περιοχές της Μακεδονίας)

видео: Florinamak (youtube)
Преведувач на јазикот од ФИРОМ: En. K. & T.K.

Δεν υπάρχουν σχόλια:

Δημοσίευση σχολίου

Η κόσμια κριτική και η ανταλλαγή απόψεων μεταξύ των σχολιαστών είναι σεβαστή. Σχόλια τα οποία υπεισέρχονται σε προσωπικά δεδομένα ή με υβριστικό περιεχόμενο να μην γίνονται. Τα σχόλια αποτελούν καθαρά προσωπικές απόψεις των συντακτών τους. Οι διαχειριστές δεν ευθύνονται σε καμία περίπτωση για τυχόν δημοσίευση υβριστικού ή παράνομου περιεχομένου στα σχόλια των αναρτήσεων.Τα σχόλια αυτά θα διαγράφονται με την πρώτη ευκαιρία.