Τρίτη, 3 Νοεμβρίου 2015

Хелени Власи (Грко-цинцари) – Андреас В. Стаматопулос, Василиос А. Стаматопулос


Кои се Власите?

Власите не се еден обединет народ со некои далечни заеднички корени. Тие се од појавувањето на латинофоните Римски граѓани. Ова е нивна главна карактеристика, а не некое етнолошко потекло. Населени се во цела Југо-источна Европа, во местата кои што се поврзуваат со создавањето на Римската Империја. Во грчките места се населени главно во провинциите со стратешко значење за премините и патиштата кои се вкрстуваат. Во времето на Византија, во 1259, Власите од Тесалија, Епир и Македонија прокламираа дека се потомци на Ахилеј и старите Хелени. Истиот тој период, Власите од Дунав се мешаат со Куманите и Бугарите, немајќи никаква врска со Власите во грчките краеви, ниту пак со Власите во Далмација.

Делумната сличност во јазиците се должи на порастот на латинофоните од Југ кон Север, во денешна Романија, за време на Римската и Отоманската Империја. Што значи, Власите Хелени латинофони не доаѓаат, туку заминуваат накај Дација

Единствениот што наведува различни информации е Арменскиот генерал Јоанис Кекавменос, кој што е поставен како глава на неуспешната експедиција против Власите во Тесалија во 11 век. Кекавменос во неговите записи ‘’Стратигикон’’, ги карактеризира власите како ‘’неверен и итар род’, наведувајки дека се варвари кои што надојдоа од Дунав. Овие негови негови информации ги повторуваат и многу подоцнежни хронографи. Но не е возможно да биде валиден извор еден понижен и поразен генерал за кој што неговиот проучувач, Унгарецот историчар Л. Тамас, пишува карактеристично во 1936: ‘’да сакаш да расчистиш еден извор на историски информации под записите на Кекавменос е исто како да се обидуваш да го направиш невозможното’’. Во овој случај, тврдењата на Кекавменос за доаѓањето на Власите од Дунав, ги отфрлаат истакнати историчари од Романија, како T. Papahagi, A. Sacerdoteanu, Siviu Dragomir, Cicerone Poghirc и Petre Nasturel.

Како се појавија латинофоните во Грчките места? 

После освојувањето на Македонија од Римјаните, во 167 година п.н.е. домородниот хеленизам се користеше во јавни места во римската земја, во војската, како што и во чувањето на границите од северни пљачкаши. Римјаните, имајќи големоо воодушевување на силната македонска војска, регрутираат платеници за одржувањето на редот во месноста и слободнота комуникација на патиштата како и на планинските премини. Така го воспоставија системот на ''клисура-чувари'' на патиштата кои што се сечат во Римската Империја. Впечатливо е што сите стационирања на Власите се масивни на Пинд и Баба Планина. Така заклучуваме дека формирањето на Власите произлегува од трупите кои што римјаните ги поставија на Пинд. Јазикот на Римјаните легионери се прошири од Велс и Пиринејскиот полуостров до Балканот и Египет. Од народниот латински јазик [лат. sermo vulgaris] и неговиот развој во различни земји каде што се проширил, се формираат современите латински јазици како италијанскиот, шпанскиот, францускиот, португалскиот, швајцарскиот, романскиот, истроромански, мегленовлашки и аромански, односно влашкиот кој што го зборуваат Хелените Власи [Грко-Власи].

Научно можеме да прифатиме дека денешните Хелени Власи се потомци на Грчките и Римските доселеници, но не и дека се потомци на латинизираните Дакијци и главно на Куманите, како што се денешните Романци. 

Хелените Власи како двојазични луѓе, го користеа јазикот на образованието, јазикот на црквата, јазикот воопшто на нивниот приватен и јавен живот, грчкиот. Во поново време, истиот феномен можеме да го забележиме кај Македонските Власи доселеници од дијаспората во централно-источна Европа. Истото се случува и денес со Власите од албанските провинции кои што имаат исто потекло со Власите во грчките места. Латинизирањето почетно и, општо користењето на латински јазик од народите на Балканот, трае во грчките места од 167 година п.н.е. до 620 година од н.е. Се забележува дека латинскиот јазик останува прв и официјален јазик на Византиската Империја, до времето на императорот Ираклиј и византиските трупи во голем степен до 10 век.

Влашкиот јазик 

Влашкиот јазик е еден од четирите новолатиснки јазици на балканскиот латински јазик [Latinum Balcnicum]. Кога зборуваме за влашки јазик (неологизми: аромански, армански, куцовлашки) на Јужниот Балкан подразбираме влашки, односно збирот на влашки дијалекти. Овој јазик до ден денес е само усмен. Влашкиот, согласно и со професионални лингвисти, претставува збир на дијалекти на еден нехомогенизиран и неконсолидиран усмен јазик.

Извор: Ανδρέας Β. Σταματόπουλος & Βασίλειος Α. Σταματόπουλος, ''ΟΙ ΜΑΚΕΔΟΝΟΒΛΑΧΟΙ (17ος-19ος αι.). Έλληνες Βλάχοι στην Κεντροανατολική Ευρώπη. Η αποκατάσταση της αλήθειας'', Βουδαπέστη 2015.

Δεν υπάρχουν σχόλια:

Δημοσίευση σχολίου

Η κόσμια κριτική και η ανταλλαγή απόψεων μεταξύ των σχολιαστών είναι σεβαστή. Σχόλια τα οποία υπεισέρχονται σε προσωπικά δεδομένα ή με υβριστικό περιεχόμενο να μην γίνονται. Τα σχόλια αποτελούν καθαρά προσωπικές απόψεις των συντακτών τους. Οι διαχειριστές δεν ευθύνονται σε καμία περίπτωση για τυχόν δημοσίευση υβριστικού ή παράνομου περιεχομένου στα σχόλια των αναρτήσεων.Τα σχόλια αυτά θα διαγράφονται με την πρώτη ευκαιρία.