Τετάρτη 21 Νοεμβρίου 2012

Уметноста на плетените свеќи во Флорина


Η τέχνη των πλεκτών κεριών της Φλώρινας

Преубавите традиционални плетени свеќи од Флорина, се малку познати во западна Македонија и речиси непознати во останатите делови од Грција.
Исклучително, такви свеќи се нудат во поединечни случаи во посебни продавници на Тесалоники само за предвечерјата пред Велигден, додека во Атина се продаваат во некои продавници за подароци и народна уметност, без да е наведено нивното место на потекло.
Уметноста на плетените свеќи, потекнува од Византија со непотврдена традиција. Се развила посебно во Флорина, каде што постојат восочни плетења уште од старите жители. Оваа уметност почна нова слава после 1914г. кога дојдоа бегалците во ослободената Македонија. Мнозинството беа од Монастири и Магарево, каде што плетењето на восок цветаше со векови. Некои семејства од Монастири, се населија во Едеса, со намера и таму да ја пронајдат истата уметност, но во помали размери.

Конструкцијата на свеќите е составена од две фази: изработката на восочен врвца, која што се вика ''самас'' (модел MARS) и плетењето. За подготовка на ''самас'' неопходен алат беше ''чарки'' или обрач. Еден од нив е изложен во јавната библиотека во Флорина ''Василики Питоска''. 
Користејќи ја фантазијата, секој флорински чендлер, на производите им даваше негова лична карактеристична црта.

Флората во областа кај Флорина, изобилува со мајчина душица, и затоа се фаворизира пчеларството. Производ на истата дејност е восокот. Пластичните својства на чистиот восок и придржувањето на традицијата, посебно во ова место, се негуваат со религиозна почит. Оваа уметност е наследна како и сите традиционални професии и има затворен фамилијарен карактер. Во поново време беше пренесена на синовите на бегалците (2 генерација), но тие што останаа живи од нив, се наоѓаат во фаза на пензинирање, гледајќи ја со голема болка несигурната иднина на уметноста на нивните предци, како и нивните деца (3 генерација) дека не ја продолжуваат повеќе. 

Плетените свеќи во Флорина започнаа денови на слава во времето на меѓувоената епоха, се до 1950г. Вообичаено, беше во употреба за времетраењето на Големата Недела и за Велигденските празници, како подароци за Велигден и помалку за Божиќ. Се поврзаа во голем степен со погребните обичаи и како такви продолжуваат да живеат. Се произведуваат и се трошат главно во Флорина и околината, затоа што ваков вид на свеќи ги немаше на други места и не се употребуваа. 

После 1950г. влезе парафинот како прв материјал за изготвување на свеќите и масовно механичко производство. Така, трошокот значително се намалува во споредба со рачно изработените плетени свеќи. Од тогаш, белата свеќа на парафинот, освојувајќи секојдневно терен, доминираше и влезе победително во продажба, создавајќи проблем на плетачите. Колку толку, Флоринските чендлери им ја дадоа и овде нивната карактеристика. Ги направија ''цибитес'' (glyphic) со клешти или со нокти и ги украсуваа со позлатени бои. 

Плетените свеќи и покрај денешното намалување на просторот кој што го заземаат на чендлерските полици, и покрај намалувањето на уметноста и напуштањето на традициите - од самоуверени набљудувачи и старци-потрошувачи, со иселениците и романтичарите - традиционалните локални рачни изработки, плетените свеќи од Флорина, не престанаа да бидат најдобри. За да не исчезне оваа стара и толку убава уметност на чендлерство, нејзините производи сега бараат пошироко запознавање и проекција, не само во цела Грција, но и во светот, со иницијатива и помош од локалната заедница. Го заслужуваат тоа, како и Флорина.

Преведувач на јазикот од ФИРОМ: En. K.





Δεν υπάρχουν σχόλια:

Δημοσίευση σχολίου

Η κόσμια κριτική και η ανταλλαγή απόψεων μεταξύ των σχολιαστών είναι σεβαστή. Σχόλια τα οποία υπεισέρχονται σε προσωπικά δεδομένα ή με υβριστικό περιεχόμενο να μην γίνονται. Τα σχόλια αποτελούν καθαρά προσωπικές απόψεις των συντακτών τους. Οι διαχειριστές δεν ευθύνονται σε καμία περίπτωση για τυχόν δημοσίευση υβριστικού ή παράνομου περιεχομένου στα σχόλια των αναρτήσεων.Τα σχόλια αυτά θα διαγράφονται με την πρώτη ευκαιρία.