Од Јоанис Папандријанос
Заменик професор на Демокрит Универзитетот во Тракија.
За време на Отоманското владеење во областа на поранешна Југославија се создаваа и ``цветаа`` вредни грчки колонии, кои што се должат на миграциите на Епирците, Тесалијците, Тракијците и главно Македонците кои веќе беа почнати од крајот на 16 век.
Грчките колонии во југословенските земји можеме да ги поделеме на две поголеми групи: од една страна оние кои беа основани и се развиваа во различни области на бивша Југославија што се наоѓаат северно од Белград, а од друга страна оние кои што се креираа јужно од Белград, во чиста српска област.
Но причините кои придонесоа за формирањето на овие две категории на грчки колонии, беа различни. Како главни причини за миграцијата, која започнува бавно по освојувањето на Константинопол и се засилува во текот на 18 век, од страна на историчарите се смета што следува:
Слабоста во планинските и изолирани области да се хранат многубројните жители, кои што за да ги избегнат различните угнетувања од Турците, ги напуштија рамнините и побарале засолниште во овие области, недостатокот на безбедност во северна Грција, кој почна да се чувствува уште од почетокот на 17 век, развојот на Европските социо - економски односи меѓу Истокот и Западот, кој што се забележува по падот на византискиот град и особено по потпишувањето на историските договори на Passarowitz во 1718 и во Белград во 1739, падот на популацијата во унгарските провинции од Хабсбуршката империја и конечно уништувањето на Москополе (Moshopolis) во 1769.
Втората пак емиграција, која што започна околу 1804 и го достигна својот врв во 1830 година, се должи на следниве две причини: жеддта за збогатување во полу - независна тогашна Србија и неуспехот на револуционерни движења во Северна Грција во 1821-1822 година. Репресијата на движењата во северниот дел на Грција, која што беше придружена од брутален тероризам, придонесе голем број жители на оваа област да ги напуштат своите татковини и да пребегаат во Србија.
Како што е случај и денес со иселениците Грци во Канада, во Америка, во Австралија и во други места, така и тогаш нашите сонародници мигрирале само каде што имало соодветни услови за развој на трговија и други работи. Главно се населиле долж главните копнени и водни патишта. Така, ретко се среќаваат да мигрираат во Босна, Херцеговина и во Западна Србија, додека нивните колонии и заедници кои што се наоѓаа во градовите на бреговите на реките Морава и Дунав, се доволни.
Првата колонија, која е основана од страна на Грците иселеници во Србија, беше во градот Ниш. Оваа колонија на врвот на својата моќ (средината на 19 век) успеа да изброи околу 50 семејства, луѓе кои главно потекнувале од Западна Македонија, Јанина и од Аграфа. Освен во градот Ниш, извонредни заедници на Грци се наоѓаат во Крагуевац, во Ваљево, во Kрушевац, во Пожаревац - познат по истоимениот договор во 1718 - во Смедерево и во Белград. Грчката заедница во Белград била најважната, од заедниците кои биле креирани од страна на иселениците Грци во Србија. Според сведоштвата кои датираат од средината на 19 век, во Белград тогаш живееле околу 435-535 души. Но и во северниот дел на југословенските провинции, имено во Австро - владеењето, наоѓаме вредни грчки колонии, како на пример во Сремска Митровица, во Вуковар, во Панчево, во Осиек, главно во Семлино (српски Земун), во Нови Сад и Загреб, главниот град на Хрватска.
Економски фактори
Главната окупација на грчките иселеници во поранешна Југославија била трговијата, во која што постигнаа и успех. Така само може да се протолкува фактот дека во покраината на Срем името Грк се идентификува целосно со зборот трговец. Во оваа провинција постои едно село наречено Грк, кое се чини дека го добило името од трговец Грк. Дури и денес, главната улица во селото Срем се нарекува ``грчка улица``. Од сите видови на трговии, преферираа препродажба, бидејќи тоа беше најпрофитабилно. Овој тип на трговија се одвива со познатите каравани од Македонците и Епирците од крајбрежјето и бродови на грчките бродосопственици Semlinou на Нови Сад и (Хатиас Константинос, Атанасиос Хаџи-Диамандис, Кристофер Скивру итн.), од речните артерии .
Покрај трговијата, Грците колонисти на југословенските земји ги имаа земено во свои раце речиси сите акции и поштенски - транспортни задачи. Во текот на 19 век најважните банкарски куќи припаѓаа на семејствата: Спирта, Теодор Сутари, Панајотис Морфи и Димитрос Петровиќ.
Цркви – училишта
Грците, уште од самиот почеток на својот престој во странските земји, се обидувале да добијат одобрување од надлежните органи и да изградат сопствени цркви. Првата православна црква била изградена во Земун, во 1745 година и била посветена на Свети Никола. Неколку години подоцна ја добија и втората црква, Рождество на Пресвета Богородица, чија изградба е завршена во 1780 година. Но исто така и во градовите; Нови Сад, Џаково, Бершат, Славонски Брод, Белград и други места наоѓаме извонредни грчките православни цркви.
Православните митрополии во поранешна Југославија, особено во Србија, беа среќни да имаат Фанариотски владици како епископот на Белград, Дионисиј Папајануси - Поповиќ и епископот Oyzitsas - Sampts Anthimo Zepo, кој што им помогна на Српските револуционери за соборување на Турците и ослободување во 1807 година на градот Шабац.
Грците иселеници заедно со верските прашања, многу внимаваа и на прашањата за училишта и образование, бидејќи ползата од овие прашања беше двојна: прво ги опремуваше со потребните знаења за нивната комерцијална работа, а потоа им помагаше да ја задржат својата грчка национална свест. Значајно е дека во тоа време сите се образовале, и мажите и жените.
Едно од најпознатите грчки училишта кое работело во Австро – унгарското владеење на југословенските простори било во Земун. Ова школо било основано во 1794 година и имаше карактеристично име за тоа време " Ellinomouseion" . Грчката школа во Земун (Semlinou) служеше како еден вид на високообразовна институција и затоа се запишуваа во тоа училиште и деца од други нации. Тука индикативно да споменеме дека во ‘’Ellinomouseio’’, Земун учеле Гарасанин Илија, најголемата политичка интелигенција на Србија во 19 век, како и познатиот српски поет Сима Милутиновиќ - Сарајлија. Друго вредно да се спомене грчко училиште е исто така училиштето во Нови Сад, кое што беше основано во 1782. Ова школо работеше до 1879 година, а во 1821 беше реновирано.
Од училишта основани од страна на Грците во чисто српските провинции, најважно беше школото во Белград, кое веќе се спомнува од 1718. Еден век подоцна, грчката заедница во Белград, кој го носеше името на Ригас Белестинли, ќе се здобие со втора образовна институција. Таа школа беше наречена " Училиште Lagkaster " бидејќи работеше во согласност со начинот и програмата од овој англиски педагог.
Општествена положба
Грците во странство, во југословенските држави со нивната напорна работа и претприемачкиот дух беа во можност брзо да заработат големи суми на пари. Токму оваа економска благосостојба им помогна на различни полиња во животот, како и да влезат во буржоаските кругови на овие земји.
Според ставовите на Југословенските истражувачи, српскиот пазар го сочинуваа повеќе Грци, а помалку Срби, што според типичниот израз на српскиот научник Драгутин Илиќ, беше " како сол на лебот . "
И турско окупираните земји им помагаа различно на Грците иселеници во југословенските држави. Големите скокови, забележани уште од 17 век, во економскиот и духовниот живот на поробените Грци, главно се должи на повеќе имигранти.
Од четвртата деценија на 19 век бројот на Грците почнува да се намалува постојано. Причините беа многу различни: економски, политички и особено социјални (мешаните бракови). Така, во средината на 20 век грчките колонии во Југославија броеја мал број на луѓе. Денес, оваа искра предизвикува неколку јадра грчко присуство на Југословенските простори, што помагаат во зајакнувањето на традиционалното грчко - југословенско (ellinogiougkoslavikis) пријателство.
Преведувач на јазикот од ФИРОМ: En. K.
Преведувач на јазикот од ФИРОМ: En. K.
Δεν υπάρχουν σχόλια:
Δημοσίευση σχολίου
Η κόσμια κριτική και η ανταλλαγή απόψεων μεταξύ των σχολιαστών είναι σεβαστή. Σχόλια τα οποία υπεισέρχονται σε προσωπικά δεδομένα ή με υβριστικό περιεχόμενο να μην γίνονται. Τα σχόλια αποτελούν καθαρά προσωπικές απόψεις των συντακτών τους. Οι διαχειριστές δεν ευθύνονται σε καμία περίπτωση για τυχόν δημοσίευση υβριστικού ή παράνομου περιεχομένου στα σχόλια των αναρτήσεων.Τα σχόλια αυτά θα διαγράφονται με την πρώτη ευκαιρία.